Утрински Весник
Македонија

Стаменкоска: СДСМ не сака зголемување на платите на наставниците, туку груба партизација на образованието

Комисијата за заразни болести бара дополнителни информации од МОН

СДСМ не сака зголемување на платите на просветните работници, туку само груба партизација на образованието, обвини пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Трајкоска Стаменкоска.

Како што рече, насилничкото и шверцерското носење на законот со кој се предвидува укинување на механизмите за контрола на квалитетот во образованието е доказ дека СДСМ планира вработувања на наставници и професори на неопределено без положен приправнички испит односно вработувања според партиската припадност.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесоа амандман со што се предвидува износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата. Според нив, ова е вистинското решение кое ќе значи вистинско зголемување на платите и решение на проблемот на просветните работници.

„Доколку на СДСМ и нејзините пратеници им беше грижа за просветните работници и сакаа зголемување на платите, без размислување ќе го прифатеа амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со кој што ќе имаше скалесто покачување на платите и основната вредност на најнискиот коефициент и бод ќе се изедначеше со износот на минималната плата. Прифаќајки го нашиот амандман, СДСМ на дело ќе покажеше дека нема задни намери и дека работи за доброто на просветните работници. Но, како и секогаш, пратениците од СДСМ одлучија слепо да ја штитат партиската агенда и жестоко да го бранат овој штетен закон за просветните работници“, рече Трајкоска Стаменкоска.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје