Само неколку дена откако Силвестер Сталоне потврди дека нема да се појави во претстојниот „Крид 3“, режисерот и главен лик во филмот Мајкл Б. Џордан откри зошто.
Минатиот месец беше потврдено дека 31-годишниот Џордан не само што ќе се врати како Адонис Крид, туку и ќе го направи своето режисерско деби со продолжението.
Сталоне (74) во коментар на Инстаграм минатата недела напиша дека филмот ќе се снима, но тој нема да глуми во него. Ваквиот коментар дојде по интервјуто на Џордан за IGN за неговиот нов филм за „Амазон“, Without Remorse.
„Ние сакаме да се фокусираме на Адонис и семејството што тој го создаде. Се надевам дека ќе ви се допадне новата сторија во продолжението кое го подготвуваме. Мислам дека ќе биде нешто посебно “, рече Џордан во врска со одлуката на Сталоне да не се појави во филмот.
Веста не е изненадување, бидејќи Сталоне кон крајот на ноември 2018 година, веднаш по премиерата на „Крид 2“ рече дека ќе го пензионира ликот Роки Балбоа, менторот на Адонис.