Скопје, 24 јуни 2020
СТАВ НА НАСТАВНО-НАУЧНИОТ И УМЕТНИЧКИ СОВЕТ НА ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ ВО СКОПЈЕ ВО ВРСКА СО ЗАКАЖАНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА ИЗБОР НА РЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ НА 26.06.2020 ГОДИНА
ОД СЕДНИЦАТА ОДРЖАНА НА 23.06.2020
Сo поглед на бројните законски прекршувања на целокупната постапка за избор на ректор, како и со поглед на oтпoчнувањето на парламентарниот изборен процес, Наставно научниот и уметнички совет на Факултетот за драмски уметности во Скопје едногласно пценува дека не постојат никакви услови за продолжување на изборите за ректор на УКИМ. Дополнително, Советот смета дека изнасилените избори на 26.06.2020, не само што не може да бидат легални и легитимни, туку, за жал, им недостасуваат елементарни морални и етички основи кои се очекуваат од која било академска заедница. А токму Универзитетот треба да е еден од најистакнатите чинители во нашето општество кој треба да промовира високи морални и етички стандарди.
Членовите на Спветот едногласно се согласуваат да не учествуваат во гласањето закажано за 26.06.2020. Ставот на секој од нив е изборот да се одложи сè додека не се создадат неопходни услови за негово нормално и коректно спроведување.
Инсистирањето на избори на 26.06. 2020 по секоја цена само му наштетува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на сите негови единици и наставници, а пред сè на студентите.,
ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ НАСТАВНО НАУЧЕН И УМЕТНИЧКИ СОВЕТ
________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки