Утрински Весник
Македонија

ССНМ, ЗНМ и СЕММ апелираат за помош за ТВ Вис

ЗНМ и ССНМ: Итни субвенции по вработен новинар/медиумски работник во висина на минимална плата или ослободување од плаќање придонеси
Dik 300x250 mk

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) упатуваат заеднички апел до локалната самоуправа, државни институции, стопански субјекти и поединци да помогнат во рамките на своите можности за што побрзо враќање на телевизијата ВИС од Струмица во етер.

– ССНМ, ЗНМ и СЕММ со голема загриженост ја примија веста за опожарување на просториите на регионалната телевизија Канал Вис од Струмица, се вели во соопштението од ССНМ.

Велат дека локалните и регионалните медиуми во земјава имаат посебно значење, бидејќи тие обработуваат теми од локален карактер кои се од јавен интерес.

– Без овие локални медиуми граѓаните остануваат лишени од важни информации кои се значајни за нивното секојдневно функционирање. Во кризни ситуации како оваа во која се наоѓа државата во моментов, важноста на локалните медиуми е уште повеќе изразена, додаваат од Синдикатот.

Здруженијата се надеваат дека колегите од ТВ Канал Вис наскоро ќе се вратат на своите работни задачи и за почеток телевизијата ќе може да ја извршува барем својата информативна функција. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

Јани Бојаџи за „Утре наутро“: Филмот е инспириран од фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа

Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена