Утрински Весник
Македонија

ССНМ: Државните институции да обезбедат безбедни услови за новинарите и медиумските работници

ССНМ: Апел за заштита на новинарите и медиумските работници за време на изборите
Dik 300x250 mk

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници апелира до институциите да овозможат услови за безбедно информирање во време на коронавирус пандемијата.

„ Денеска до ССНМ реагираа повеќе наши членови за начинот на кој беше организирана прес-конференцијата на министерот за образование и наука Арбер Адеми која се одржа во зградата во која што е сместено министерството. Прес-конференцијата се одржа во просторија за состаноци на осмиот кат, во затворен простор каде присуствуваа повеќе од 20-тина новинари, сниматели и фоторепортери. Според поплаките ниту една здравствена мерка од организаторот не била испочитувана, од овозможување дистанца помеѓу присутните, отворени прозорци до средства за дезинфекција“ велат од ССНМ.

Оттаму бараат од носителите на власта да покажат чувство на одговорност и да не ги доведуваат во опасност медиумските работници.

„ Апелираме до колегите, без оглед на претпоставениот јавен интерес, во иднина да ги напуштат прес-конференциите и сличните настани, ако проценат дека не се испочитувани здравствените протоколи, а по укажувањето организаторот не ги обезбеди потребните услови за заштита на здравјето.

Истовремено ги повикуваме медиумските работници максимално да ги почитуваат правилата и протоколите за заштита од коронавирусот додека ги извршуваат своите работни задачи“ додаваат од синдикатот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево