Утрински Весник
Македонија

ССНМ: Ги осудуваме онлајн нападите врз новинарите и бараме реација од институциите

ССНМ бара Владата да обезбеди заштитна опрема за редакциите
Dik 300x250 mk

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги осудува онлајн нападите и заканите на социјалните мрежи врз колегата Мишко Иванов, како и зачестените напади врз други новинари и новинарки. По тој повод ССНМ апелира до сите новинари и медиумски работници сите овие напади, закани, онлајн малтретирање и слично да ги пријавуваат до органите на прогонот и соодветните институции, иако со жалење констатира дека МВР овие закани не ги сфаќа сериозно и по нив не постапува според своите законски овластувања.

– Институциите треба постојано да реагираат и да ги санкционираат ваквите појави бидејќи решавањето на случајот со нападите врз две новинарки од страна на Емил Јакимовски не смее да остане единствен. Во таа смисла, ССНМ ги повикува сите новинари и медиумски работници, да ги пријавуваат заканите и нападите во Синдикатот, преку пораки на Фејсбук страната или на електронската пошта ssnm.info@gmail.com. ССНМ ќе го документира секој случај и ќе преземе соодветни мерки, инсистирајќи до соодветните институции да ги преземат мерките што им стојат на располагање и истовремено информирајќи ги меѓународните институции за состојбата со нападите врз новинарите, се вели во соопштението од ССНМ.

Состојбата со нападите врз новинарите што професионално и чесно си ја вршат својата работа, велат од Синдикатот, е неодржлива и таа уште веднаш мора да се смени. ССНМ смета дека нема објективно и професионално новинарство доколку новинарите и медиумските работници работат под притисок на закани и напади.

Само со јавен притисок кон институциите, но и јавно обелоденување на оваа појава со цел кревање на свеста на јавноста, како и заедничка реакција, сметаат од Синдикатот, може да придонесе за намалување на нападите, заканите и онлајн малтретирањето на нашите колеги. сст/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

(Видео) Нова оставка во СДСМ, се повлече Костадин Ацевски

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица