Утрински Весник
Економија

ССМ: Субвенционирање на плати и во јуни, исплатата директно на сметка на работниците

СФДМ и ССМ: Итно да се избере  в.д главен државен ревизор

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Сојузот на синдикати на Македонија бара мерката за финансиска поддршка за исплата на плати да важи и за јунската плата, но овие пари да се исплаќаат директно на сметките на работниците.

Ваквото барање, како што појаснува ССМ во денешното соопштение, е поради тоа што во изминатиот период имало информации за злоупотреби, како и поради пријавите дека на работниците им се исплаќа помал износ на плата од она што работодавачите го добиле како финансиска помош, а на некои и воопшто не им се исплаќале плати.

– По укажувањето на ССМ за појави во одредени компании кога работодавачите иако добиле субвенции од државата во висина од 14.500 денари по работник за исплата на платата, на работниците им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош, а има и такви компании кои иако земале државна помош воопшто не исплатиле плати на работниците, Управата за јавни приходи информираше дека е во постапка на вршење на анализа на компаниите на кои им е исплатена финансиска поддршка и на податоците за пресметани и исплатени плати од нивна страна. За компаниите каде ќе бидат утврдени неправилности, Управата за јавни приходи по службена должност ќе ги достави податоците до Државниот инспекторат за труд  и заеднички и координирано ќе постапува, се вели во соопштението од ССМ и се додава дека до УЈП има стигнато претставки за непочитување на оваа мерка. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година