Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ССМ го честита Денот на жената

ССМ: Работодавачите од приватниот сектор да исплатат регрес за годишен одмор
300x250 opst2

Скопје, 8 март 2020 (МИА) – Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ Дарко Димовски, им го честита 8ми Март на сите жени во нашата држава, со желба и натаму безусловно да се залагаат за остварување на основните човекови права – правото секој, без исклучок, да живее од својот труд и да ја обезбедува и унапредува својата материјално- социјална положба, како и да работи во безбедни и здрави услови за работа.

ССМ активно се вклучува во овогодинешната кампања на ЕТУЦ – Европската конфедерација на синдикати „GENDER PAY GAP – END THE SECRECY„ по повод 8-ми Март, со која опфатена е потребата за еднаквост во плаќањето и борбата во иднина мажите и жените кои работат на исти работни места, со исти квалификации, да бидат еднакво платени, а на тој начин да се намали и во целост да исчезне сиромаштијата на вработените жени и нивните деца.

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

20 годишна кумановка излетала со „Јагуар“ од автопат, тешко повредена сопатничка (19)

17-годишен ученик избоден 15-годишен ученик – Тежок инцидент во средно училиште во Кичево

Мобилен царински тим заплени над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“, поради сомневање за фалсификат