Утрински Весник
Македонија

ССК: Се оградуваме од владиниот сет мерки, баравме системска поддршка, а не делумна помош

Презентација на три фактори кои треба да придонесат за развој на индустриските компании во земјава

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Сојузот на стопански комори (ССК) се оградува од вториот сет владини мерки што ги соопшти денеска премиерот Оливер Спасовски.

– Од наша страна се бараа системски мерки за сите микро, мали и средни претпријатија што се засегнати од кризата, без оглед на дејноста. Наместо тоа, со оваа делумна помош не се постигнува крајната цел, а тоа е да се сочува економијата и да се задржат работниците особено за оние правни лица кои се најмали и незаштитени и на кои овие потреси ќе им го уништат целиот труд да се самовработат и да си ги издржуваат семејствата, наведува ССК.

Сојузот нагласува дека и на Економскиот совет предложил, но и писмено доставил конкретни мерки за претприемачите и микро, малите и средни претпријатија погодени од кризата.

– Владата да одобри поддршка од 100 отсто нето платата за следните три месеци, да ги покрие сите даноци и придонеси на платите за вработените за следните три месеци, правните лица кои се погодени од кризата да не плаќаат аконтација на данок на добивка во 2020 година, да се стави мораториум на сите казнени камати и камати на задоцнето плаќање на обврски за следните шест месеци, а вработените кои припаѓаат на групата лекари, трговци и сите кои сега се најоптоварени и под ризик, да им се исплати еднократен бонус, се предлозите на ССК, кој смета дека по изминувањето на кризата треба да се најде соодветно решение како средствата да се вратат во Буџетот согласно можностите на претпријатијата.

За овие мерки да ги да дадат очекуваните резултати Сојузот, како што нагласува, сугерирал и критериуми.

– Да не се дискриминира по дејност, секој кој е погоден од кризата потребно е да има еднаква можност да аплицира, доколку некој несовесно аплицирал средства, неправилности може да се бараат и истражуваат откако кризата ќе заврши, бидејќи до сега немаше употребливи мерки кои важат за сите правни лица, дел од нив одјавија вработени, не по своја желба или волја туку под притисок од страв за неликвидност и трупање долгови и обврски. Да се отстрани критериумот намален број работници, да не се бара обемна документација која институциите електронски можат да ја добават по службена должност. Со барање документи да се достават од УЈП, Централен регистар и други, правните и физичките лица се изложуваат во оваа криза на здравствен ризик од трчање по шалтери за издавање документи, но и на непотребни трошоци во време и финансии (да се има во предвид дека голем број од нив особено микро и малите фирми, претприемачите и занаетчии немаат електронско банкарство ниту токени), стои во соопштението од ССК.

ССК дополнува и дека Владата објави два пакета економски мерки кои се недоволни и кои нема да ги постигнат очекуваните резултати.

– Од таа причина се оградуваме од мерките кои ги донесе Владата и остануваме на нашите барања истакнати погоре. Ќе продолжиме да ги застапуваме оние на кои помош во моментов им е најмногу потребна и да предлагаме мерки за надминување на предизвиците, како и да бараме алтернативни начини на помош. Во меѓувреме, секое претпријатие се препорачува да си преземе индивидуално деловно планирање за спас и за опстојување, посочува ССК.

Со оглед дека спречувањето на ширењето на вирусот беше и останува врвен приоритет, Сојузот потенцира дека неговите членки ги почитуваат мерките за заштита, но и преземаат дополнителни активности, секој согласно своите можности за да се заштити здравјето на луѓето, но и за да се постапи општествено одговорно и да се помогне на они кои се најмпогодени од настаната криза.

– Групациите и секторските комори при ССК организираат акции на прибирање средства со кои се обезбедуваат хигиенски препарати, заштитни маски и ракавици, кои се донираат на ранливите категории, Комората на сметковидители се стави на располагање на државните институции за про-боно помош особено за анализа на флуктуациите во економијата и изготвување на акциски план, Туристичко-угостителската комора обезбедува залихи со храна и оброци за лицата кои припаѓаат на ранливи категории, како и припадниците на органите на државната управа и медицинскиот персонал кои се изложени на најголем ризик а дел од хотелите ги отстапија своите капацитети за организирање на државен карантин, а подготвен е и Водич за приватен сектор за справување со КОВИД-19, наведуа Сојузот. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице

Георгиевски: Никогаш не сме биле толку блиску до ЕУ, треба да направиме само еден безболен чекор

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година