Утрински Весник
Економија

ССК: Претприемачкиот потенцијал на жените неискористен извор за економски раст

ССК: Претприемачкиот потенцијал на жените неискористен извор за економски раст
Dik 300x250 mk

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Зајакнување на позицијата на жените во сите индустрии, ќе биде клучното прашање за кое денеска ќе дискутираат потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Габриела Кулебанова, претседателот на Здружението на бизнис жени, Валентина Дисоска и претседателот на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска.

На прес-конференција во ССК ќе стане збор за еднаквите можности за личен и професонален развој, за системска и институционална поддршка на жените претприемачи, како и за информации за моменталната состојба на жената во руралните средини со конкретни мерки за подобрување на положбата.

-Рамноправноста меѓу мажите и жените е еден од темелните принципи на Европската унија, а еднаквата застапеност на пазарот на трудот е една од клучните подрачја на кои Европската унија ја проверува примената на принципот на рамноправност. Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст и зголемување на вработеноста, наведува ССК. мч/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност