Утрински Весник
Економија

ССК: Актуелни состојби пред пролетната сеидба и како до поголеми приноси

Во Кичево поднесени 575 барања за субвенции во земјоделството 
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Кои се препораките и потребните агротехнички мерки за успешна пролетна сеидба, каква е актуелната состојба на терен и колку е важно користењето квалитетен семенски материјал за поголеми приноси, се само некои од темите за кои ќе стане збор на денешната прес-конференција што ја организира Агро бизнис комората при Сојузот на стопанските комори.

Како што најавува ССК, претседателот на Комората, Огнен Оровчанец и неговиот заменик, Горан Ѓорѓиевски ќе се осврнат и на можностите за производство и извоз од земјава, како и на задржувањето на активното население со зголемување на домашното производство.

– Квалитетно и конкурентно земјоделство со зголемување на обработливото земјиште, продуктивност преку осовременување на земјоделските стопанства и пласман на производството, се од голема важност за развој на секторот. Земјоделството лани во бруто домашниот производ, заедно со шумарството и рибарството, учествуваше со 11 проценти, наведува ССК. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕСМ и Владата започнуваат историски инвестициски циклус во обновливи извори, потпишани договори за 97 милиони евра

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници”

МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари