Српскиот епидемиолог, Бранислав Тиодоровиќ вели дека сите треба да се замислат кога ќе слушнат дека пациент роден во 1994 година починал од коронавирусот.
„Сега младите исто така се на удар бидејќи се во најголемо движење. Верувам дека ситуацијата полека се смирува, бидејќи мерките повеќе се почитуваат. Но, има и нешто друго, народот веќе е уморен од вируси, ограничувања и маски, од препораки и мерки… Не само кај нас, целиот свет има идентичен проблем“, смета тој.
Доктор Тиодоровиќ предупреди на замор и голем притисок врз здравствениот ситем, кој, според него, е под голем притисок и е доведен до работ на издржливост.
„Ова веќе не е респираторно заболување, она што го гледаме сега е системско заболување. Понатаму, се јавува тромбоза, предизвикува мозочни удари и срцев удар, а тоа се однесува на луѓе кои имаат хронично заболување. Болести секако можат да бидат присутни и кај помладите луѓе, така што короната предизвикува компликации. Некои сметаат дека пред нас имаме непријател кој е невидлив, но тој е видлив и тоа како“, смета епидемиологот.