Утрински Весник
Свет

Српски воени авиони и хеликоптер на КФОР надлетуваат над Косово, Вучиќ разговараше со Столтенберг

Српски воени авиони и хеликоптер на КФОР надлетуваат над Косово, Вучиќ разговараше со Столтенберг
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Србите незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички веќе седми ден протестираат на северот на Косово кај премините Јариње и Брњак.

Неколку авиони на војската на Србија денеска во неколку наврати повторни ги надлетуваа административните премини. Претходни и хеликоптер на КФОР леташе над просторот во близина на Јариње.

На позициите остануваа и специјалните сили на косовската полиција.

За состојбата денеска српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Како што беше објавено, Вучиќ посочил дека Србија апсолутно со ниту еден потег не го прекршила Бриселскиот договор или Резолуцијата 1244, ниту пак на каков било начин го загрозила зачувувањето на мирот.

„Седум дена трае целосната окупација со оклопни возила на северот на Косово и Метохија, што ја спроведува Приштина, и сите во меѓународната заедница гласно молчат“, истакна Вучиќ.

Тој укажа дека сите одеднаш се загрижени кога гледаат српски хеликоптери и авиони на територијата на централна Србија, затоа што претпоставува дека тие не треба да постојат или не треба да полетаат додека тоа не го одобри косовскиот премиер Албин Курти или некој од меѓународната заедница.

 

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми