Утрински Весник
Свет

Српскиот актер Бранко Видаковиќ уапсен со хероин

Српскиот актер Бранко Видаковиќ уапсен со хероин
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српскиот актер Бранко Видаковиќ е уапсен во Врачар за дрога, дознава „Објектив“. Полицијата дошла по пријава каде го пронашла М.И. (40) како излегува од гаражата во која имало хероин. Потоа, тој заедно со Видаковиќ влегогол во автомобил „форд“.

Во моментот кога полицијата им пришла, М.И. се придвижил нагло наназад при што удрил во друго возило и застанал. Откако одбил да ја отвори вратата од автомобилот, полицаецот го скршил стаклото на вратата и успеал да го извлече од автомобилот, пренесува Објектив.рс.

При претресот е утврдено дека М.И. во хируршката маска што ја носел на лицето, ставил три кеси со околу десет грама хероин.

Полицијата извршила претрес и во сомнителната гаража каде биле пронајдени осум кеси, во кои имало повеќе од 20 грама хероин, а во просториите што ги користел Видаковиќ биле пронајдени две дигитални ваги и уште две торби со повеќе од пет грама хероин.

Одреден им е притвор од 48 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно