Утрински Весник
Спорт

Срна: На овие простори најдобар во историјата е Лука Модирќ

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Легендарниот капитен на Хрватска и Шахтјор, Дарио Срна, во опширно интервју за српскиот поратл „Мондо“, рекол дека на просторите на поранешна Југославија, нема подобар од Лука Модриќ.

„Феномено. Тој прекар говори повеќе од илјада зборови. Тврдам дека е најдобриот играч на сите времиња, на овие наши простори. Мислам на целиот регион. На исто ниво е се Пикси, Дејан Савичевиќ, Давор Шукер…Секоја чест на сите, но Лука е број еден. Таа глава, тој карактер…Освојувач на Златната топка, четири пати победник во Лигата на шампионите, втор со Хрватска на Светското првенство…“, рекол Срна.

Дарио Срна, професионалната кариера, ја заврши во 2016 година. десниот бек, 15 години го носеше дресот на Шахтјор, за овој клуб одиграл 339 натпревари, постигнал 33 гола. Срна е хрватски рекордер, со 134 одиграни натпревари, на кои постигнал 22 гола.

> Срна: На овие простори најдобар во историјата е Лука Модирќ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026