Утрински Весник
Магазин

Среќен роденден, Шон Конери!

Среќен роденден, Шон Конери!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шкотската ѕвезда Шон Конери денес полни 90 години, но и понатаму претставува синоним за елегантна мажественост.

Од моментот кога доби можност да го глуми најголемиот таен агент 007, и кога прв пат се претстави како  …Бонд, Џејмс Бонд… тој влезе но легендите. Неодамна беше изгласан за најдобриот Бонд досега, оставајќи ги зад себе петте други актери кои се справуваа со улогата.

Иако авторот на книгата за 007, Јан Флеминг, првично не бил одушевен од Конери и го оценил како премногу сиров, харизматичниот Шкотланѓанец со својот раскошен шарм и лежерна софистицираност докажал дека бил вистинскиот избор.

Тој го глумеше Бонд во седум филмови: „Доктор Но“, „Се живее само два пати“, „Од Русија со љубов“, „Тандербол“, „Дијамантите се вечни“, „Голдфингер“ и „Никогаш не вели никогаш“.

Откако излезе од сенката на Бонд, Конери освои „Оскар“ за најдобра споредна улога како ветеран полицаец во „Недопирливите“ на Брајан де Палма, и истовремено стекна голема попуарност со серијалот „Индијана Џонс“.

Во 1989 година, на возраст од приближно 60 години, магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж на светот, и повторно една деценија подоцна, во 1999 година.

Светските медиуми ја објавија веста за неговиот роденден со бројни епитети. „Ајриш тајмс“ го нарече аватар на старомодна машкост.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година

Годишен хороскоп 2026 – Нови почетоци и можности за сите знаци

Тиквата штити од канцерогени клетки и е рудник на хранливи материи