Утрински Весник
Македонија

Средношколски глас: Договорот постигнат од страна на Сојузот на средношколци е политички инструиран и неприфатлив

МОН: 7 ученици и 5 наставници имале настава со физичко присуство од активните случаи со Ковид-19

Средношколскиот глас вели дека компромисот постигнат од страна на Сојузот на средношколците е политички инструиран и неприфатлив. Според нив, оваа одлука била донесена во затворен круг и без консултации со пошироката средношколска јавност.

„ Во текот на вчерашниот ден претседателот на Сојузот на средношколци објави дека постигнале договор со власта кој никако не е поволен за нас средношколците. Иако се претставија како гласот на сите средношколци, оваа одлука ја донесоа во затворен круг и без консултации со пошироката средношколска јавност. Договорот кој го постигнаа најверојатно по партиска наредба не е ништо освен дополнително потценување на средношколците. Се залагаа за кратење на испитите но ништо не се исполни. Новиот концепт не го намали материјалот или бројот на испитите. Останува прашањето со кое право Сојузот на средношколци го прифати овој концепт во име на сите средношколци?“ велат од Средношколски глас.

Од Средношколски глас ги повторија нивните барања – да се намали бројот на испититите на 2 екстерни и проектна задача. Да се организираат дополнителни часови за дообучување поради неквалитетната онлајн настава.

Во текот на утрешниот ден преставници на Средношколски Глас до надлежните институции ќе поднесат барање за прием. Бараат во најкраток рок да бидат примени од страна на надлежните, за да разговараат за концепт кој ќе биде прифатлив за сите средношколци. Ние средношколците нема да се откажеме од оваа битка, отпорот ќе почне со посериозен отпор доколку нашите барања не се исполнат, порачаа средношколците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор