Утрински Весник
Свет

Среде епидемија викнале 180 гости на свадба, веселбата ја прекинала лажна дојава за бомба

Среде епидемија викнале 180 гости на свадба, веселбата ја прекинала лажна дојава за бомба

Поради лажен повик за бомба била прекината свадба на која имало 180 гости во Добој, БиХ. Полицијата дошла поради дојава за бомба, а затекнала сала преполна со гости, кои за време на пандемијата на коронавирус, не ги почитувале мерките за заштита.

Полицијата го осомничи Д.Т. дека организирал свадбена забава во ресторан во Добој минатиот викенд за неговата ќерка. Оваа свадбена прослава била прекината кога непознато лице лажно пријавило дека во салонот е поставена бомба.

Полицијата го обвинува таткото на невестата за кршење на сите одлуки за епидемиолошката состојба. Полицијата во Добој соопшти дека од 170 до 180 гости присуствувале на свадбената забава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Захарова ги обвини ОН за „стратешко молчење“ по нападот врз училиште во Иран

Песков: Москва не добила никакви нови предлози за самитот Путин-Трамп

Погодени два танкера во Ормускиот Теснец, нови напади врз американски бази во Катар, Кувајт и Ирак