Утрински Весник
Македонија

Средба Пендаровски – Солана на маргините на Минхенската конференција

Средба Пендаровски – Солана на маргините на Минхенската конференција

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, денеска претседателот Пендаровски се сретна со Хавиер Солана – поранешен генерален секретар на НАТО, Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и министер за надворешни работи на Шпанија.

Во фокусот на разговорот беа актуелните политичко-безбедносни случувања во Европа, нивното влијание врз нашиот регион и важноста од неговото интегрирање во Унијата.

Претседателот Пендаровски го информираше соговорникот за последните внатрешно-политички настани во земјата, текот на реформските процеси и новата динамика во добрососедските односи.

Солана, кој е актуелен претседател на Центарот за глобална економија и геополитика (EsadeGeo) и докажан пријател на Северна Македонија вклучувајќи се и во Охридската група за поддршка на земјата за членство во ЕУ и НАТО, уште еднаш ја поздрави македонската конструктивна улога на Западниот Балкан како пример за решавање на тешки прашања, како и потребата за реализирање на европската агенда во контекст на интеграциите, согласувајќи се дека Унијата треба што побрзо да ги имплементира своите одлуки.

Можете да прочитате

Дневно околу 25.000 лица влегуваат во Грција преку граничниот премин Богородица/Евзони

Турската демократска партија го напушта „Европскиот фронт“

Левица: Сериозни финансиски злоупотреби, доживотни дисквалификации, но владата на ДПМНЕ го предложи и стана претседател на одборот на директори во Телеком