Утрински Весник
Македонија

Средба на членовите на ДИК со Дескоска, ДЗР и ДКСК: Во фокусот финансирањето на политичките партии

Средба на членовите на ДИК со Дескоска, ДЗР и ДКСК: Во фокусот финансирањето на политичките партии
Dik 300x250 mk

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Финансирањето на политичката кампања, согласно новите измени на Изборниот законик биле едно од главнмите прашања на состанокот што членовите на Државната изборна комисија го одржале вчера со министерката за правда Рената Дескоска, претставници на Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Според соопштението на ДИК објавено на нивната веб-страна, на состанокот било утврдено дека за истото прашање ќе се одржи нова работна средба, на која ќе биде потребно да присуствуваат и претставници од Министерството за финансии.

-Имајќи предвид дека се донесени изменувања и дополнувања на Изборниот законик, целта на овој состанок беше да се изнајде начин за да се одговори најдобро на новите предизвици кои произлегуваат и со кои ќе се соочуваат во текот на спроведувањето на Предвремените парламентарни избори 2020 година, се наведува во соопштението од ДИК.

По однос на сите прашања и активности за спроведување на изборниот циклус, ДИК на работниот состанок им укажала на присутните дека им стои на располагање и соработка во рамките на својата надлежност. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи