Утрински Весник
Македонија

Средба на Спасовски со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Н.Е Вероник Улман

Средба на Спасовски со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација  Н.Е  Вероник Улман

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска остварија работна средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман придружувана од заменик амбасадорот Лусијан Егертер и националниот програмски офицер Кристина Колозова.

На средбата амбасадорката Улман изрази задоволство од досегашната одлична соработка меѓу Министерства за внатрешни работи , но и меѓу нашите две пријателски земји што трае со години наназад, а се разговараше и за можностите за нејзино унапредување и продлабочување во борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе, како и за соработка во различни проекти од значење за министерството.

Министерот Спасовски изрази благодарност до амбасадорката Улман за досегашната поддршка од страна на Швајцарската Влада и за успешната полициска соработка која се спроведува преку меѓународните канали, што резултира во решавање на многу случаи на териториите на двете земји, со надеж дека и во иднина истата ќе продолжи во нагорна линија.

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?