Утрински Весник
Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците

Средба на претседателот Пендаровски со Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците

Претседателот Стево Пендаровски го прими Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците.

На средбата се разговараше за положбата на припадниците на турската етничка заедница во државата, како и за нивните заложби и придонес за развојот и напредокот на Република Северна Македонија.

Припадниците на турската етничка заедница во Северна Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество.

На средбата стана збор и за односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град” и да не споделуваат лични податоци

ВЛЕН: Веста дека кај судија се најдени 350 илјади евра ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем

На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка, хоспитализирани се и 15 деца со компликации од грип