Утрински Весник
Македонија

Средба на премиерот Заев со шефот на НАТО-канцеларијата во Скопје

Средба на премиерот Заев со шефот на НАТО-канцеларијата во Скопје

Премиерот Зоран Заев го прими генералот Зоран Јанкович, шефот на НАТО канцеларијата во Скопје во проштална посета.

Двајцата соговорници на средбата изразија задоволство од работата на НАТО канцеларијата во Скопје која успешно ја заврши својата мисија која имаше за цел да ја пружи неопходната поддршка на процесите во земјата со полноправното членство на Република Северна Македонија во алијансата, информираат од кабинетот на Заев.

Премиерот Заев се заблагодари за одличната соработка со генерал Јанкович и со целиот тим на канцеларијата на НАТО кои своите професионални обврски ги извршуваа како вистински пријатели на Северна Македонија, а на Генералот Јанкович му изрази посебна благодарност за поддршката, му порача дека Република Северна Македонија може да ја смета за своја втора татковина, и му посака плодна и понатамошна успешна кариера, додаваат владините служби.

Генералот Зоран Јанкович се заблагодарил на досегашната работа, и истакнал дека членството во НАТО е резултат на работата на оваа Влада, и дека е горд што бил дел од овој процес.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје