Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Средба на премиерот Заев со индиската амбасадорка Капур

Средба на премиерот Заев со индиската амбасадорка Капур
300x250 opst2

Премиерот Зоран Заев, оствари средба со Пуџа Капур, амбасадорка на Република Индија во нашата земја, која го завршува својот мандат.

На состанокот, пренесуваат од кабинетот на премиерот биле упатени честитки за напредокот на нашата држава, како нова членка на НАТО и земја која што се движи кон ЕУ.

Од страна на индиската амбасадорка во заминување било пренесено дека во премиерот Заев не се гледа само како на политичар, туку и како на лидер визионер и дека е тоа препознаено и вреднувано пошироко во светот.

„Во насока на оценетиот развој на државата, изразен е интерес за продлабочување на соработката во областа на економијата, земјоделството, здравството, културата“, инфрормираат од владиниот кабинет.

„Станавме членка на НАТО и работиме во делот на европските интеграции. Преку политиките на дијалог и разбирање ги зацврстуваме и добрососедските односи. Веруваме во слободата, демократијата и ќе продолжиме во оваа насока да ја развиваме државата. Посветени сме на растот на економијата и на животниот стандард на граѓаните и поради тоа важна ни соработката со сите држави со коишто можеме да ги споделуваме овие вредности и да придонесуваме во подобрувањето на квалитетот на живот во земјата“, истакна Заев.

На состанокот е констатирано дека Република Северна Македонија и Република Индија ги поврзува пријателскиот дух на луѓето, а како мост за поврзување е посочена хуманистката Мајка Тереза која е родена во Скопје, а се посветува на мисионерска дејност во Индија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица е за пари, ВМРО-ДПМНЕ е за народот

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат