Утрински Весник
Македонија

Средба на Пендаровски со министерот за одбрана на НР Кина, генерал Веи Фенгхе

Средба на Пендаровски со министерот за одбрана на НР Кина, генерал Веи Фенгхе
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Веи Фенгхе, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, кои се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и почит, соопштуваат од кабинетот на претседателот.

Претседателот Пендаровски истакнал дека Република Северна Македонија, која е членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија, ќе соработува со Народна Република Кина во рамки на „Процесот за соработка 17+1“.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за севкупната техничка помош доделена од Народна Република Кина која се реализира преку проекти во различни области.

Посебна благодарност претседателот Пендаровски упатил за доделената помош во борбата против Ковид-19, преку доделување на финансиски средства и заштитна опрема.

Пендаровски ги истакнал и очекувањата за скорешно финализирање на набавката на вакцини од кинеската компанија „Синофарм“, што е од особена важност за непречена реализација на масовната имунизација на населението против Ковид-19.

Можете да прочитате

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина