Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Чешката Република Н.Е Јарослав Лудва

Средба  на  министерот  Спасовски  со  амбасадорот  на Чешката  Република Н.Е  Јарослав Лудва

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа протоколарна средба помеѓу министерот Оливер Спасовски и новоименуваниот амбасадор на Чешката Република Н.Е. Јарослав Лудва, придружуван од заменик амбасадорот Лубомир Пшенка.

На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, кое изминативе години посебно за време на миграциската криза, но и периодот после се покажа дека е од голема важност за нас како министерство особено во делот на осовременување на капацитетите на МВР.

Од страна на министерот Спасовски беше изразена благодарност како за поддршката и соработката преку бројните донации за подобрување на капацитетите на вработените во Министерството за внатрешни работи, така и за пружената поддршка со испраќање на чешки полициски службеници на нашата граница за целите за справување со илегалната миграција, што резултира со намалување на интензитетот на миграциските текови.

Можете да прочитате

Комплетно реконструирани седум оперативни сали во ГОБ „8 Септември“ – првата операција до крајот на годинава

Ковачки: Целото јавно обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.

Мицкоски го правда Фетаи: Уште го учи македонскиот јазик оти се иселил на шест години