Утрински Весник
Македонија

Средба Мизрахи-Села, меѓудругите теми и Законот за употреба на јазиците

Средба Мизрахи-Села, меѓудругите теми и Законот за употреба на јазиците

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села, со кој разговарале за унапредување на соработката меѓу министерството и Агенцијата во насока на подобра комуникација и информирање на граѓаните, како и во имплементирање на обврските согласно Законот за употреба на јазици кој е донесен на 14 јануари 2019 година, информираат од Министерството.

Директорот на Агенцијата и дал целосна поддршка на министерката во делот на предизвиците со кои се соочува како министерка и изразил подготвеност да даде поддршка во областа во која Агенцијата е надлежна.

-Оваа средба само ја потврди мојата заложба како министерка да соработувам со сите институции во насока да им овозможиме на граѓаните остварување на своите права. Министерството ќе продолжи континуирано и во иднина да ги почитува обврските и со директорот Села да имаме редовна комуникација и средби, Рашела Мизрахи.

Села, потенцирајќи дека средбата поминала во одлична атмосфера, вели дека со министерката се договориле Министерството во континуитет да го имплементира Законот за употреба на јазици и оти тој во име на Агенцијата ќе даде целосна поддршка и помош во комуникацијата со јавноста и тој процес. сст/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ признава дека за седум години власт државата ја остави без соодветна опрема за справување со пожарите

Реакција од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ на прес конференцијата на „Антикоцкање“

Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце