Утрински Весник
Македонија

Средба Заев – Станила: Романија ги поддржува евроинтеграциите на земјава

Средба Заев – Станила: Романија ги поддржува евроинтеграциите на земјава
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Виорел Станила, амбасадор на Романија во нашата држава, кој го завршува својот мандат.

На средбата се поздравени политиките на премиерот Заев и на Владата на меѓународен план, на домашен план и во областа на економијата, со констатација дека се постигнати значителни резултати во напредокот на државава и во подобрување на животот на граѓаните.

Најавено е дека Романија ќе продолжи да ја поддржува нашата држава во евроинтеграциите.

Премиерот Заев се заблагодари на романската Влада и на амбасадорот Станила лично, за искреното пријателство и за помошта на принципиелно ниво во демократските и евроатлантските процеси на нашата држава.

„Посветени сме силно кон поддршката на граѓаните и фирмите погодени од здравствено-економската криза и преку синоќа утврдениот ребаланс на Буџетот, којшто оди на усвојување во Парламентот. Свесни сме, како Влада и како држава, дека отворањето на преговорите со ЕУ носи неповторлив период пред нас да го подобриме животниот стандард на граѓаните и да ги примениме европските вредности дома и ќе продолжиме со нашите искрени, внимателни и мудри политики коишто ја движат државата напред“, рече Заев.

На состанокот се изразени заеднички определби за натамошен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, како и во рамките на заедничкото членство во НАТО, соопшти Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Струјата поскапува: Еве колку ќе плаќаат домаќинствата

Приведен 16-годишник, со автомобил предизвикал сообраќајка

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024 – 2044 е документ кој ја дефинира визијата на државата во следните две децении