Утрински Весник
Економија

Средба Бочварски-Ковачевски – договорено забрзување на динамиката за реализација на проектите на АД ЕСМ

Средба Бочварски-Ковачевски – договорено забрзување на динамиката за реализација на проектите на АД ЕСМ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Работна средба посветена на забрзување на динамиката на инвестициските проекти на АД ЕСМ се одржа денеска меѓу министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

На состанокот во Министерството за транспорт беа разгледани статусите на реализација на повеќе проекти за кои е потребна документациска и урбанистичка поддршка од Министерството, а кои пред сѐ се однесуваат на инвестиции во обновливи извори.

„На средбата стана збор за проектите за фотонапоските електрани во Осломеј, проширувањето на ветерниот парк Богданци, Топлификација на Битола, Новаци и Могила, проектот Чебрен, како и околу наследените правни проблеми со новата деловна зграда на АД ЕСМ и неможноста поради истите објектот да се стави во употреба. Утврдена е и насока за поинтензивна комуникација меѓу двете институции со цел предвидување на потребните активности во надлежните акти на Министерството заради навремена подготовка на теренот за идните планирани инвестиции“, соопштија од ЕСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трендафилов: Срамота е да се фалите со покачување од 1.500 денари на минималецот

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители