Утрински Весник
Македонија

Средбата на министерката за труд и социјална политика и претставници на Ромите

Средбата на министерката за труд и социјална политика и претставници на Ромите

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска оствари работна средба со претставниците на ,,Интеграција на Ромите 2020“, Орхан Усеин и Данило Вукмировиќ, на која се разговараше за досегашните и идни политики за поголема вклученост на Ромите во општеството.

На средбата се дискутираше за проектот Интеграција на Ромите 2020, имплементиран од Советот за регионална соработка – Regional Cooperation Council (RCC), со финансиска поддршка од Европската Унија и Фондацијата Отворено општество. Овој проект има за цел да придонесе намалување на социо-економскиот јаз помеѓу ромската и неромската популација во земјите од Западен Балкан и Турција и зајакнување на институционалните обврски на Владите во инкорпорирање и исполнување на специфични цели наменети за интеграција на Ромите во развојните тековни политики.

Земји кориснички на проектот Интеграција на Ромите 2020 се Албанија, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција.

Една од главните точки на работниот состанок беше Декларацијата од Познан која беше потпишана во јули минатата година од страна на премиерите на државите во кои се имплементира Интеграцијата на Ромите 2020, а усвоена во рамките на Берлинскиот процес Од страна на Орхан Усеин беше посочено дека на 27 октомври во Тирана ке се одржи министерски состанок и заклучоците од тој состанок ке бидат рефлектирани на Самитот во Софија во ноември, со кој ке преседаваат Република Бугарија и Република Северна Македонија.

На маргините на Самитот ќе се дискутираат 4 теми:лица без документи и без државјанство,мониторинг за имплементирање на таргетите и мониторинг на следење на прогресот,процесот на Јавно буџетирање (родово одговорно буџетирање) и методологија за мапирањето на домовите на припадниците на ромската заедница.

Во текот на работниот состанок беа презентирани и два нови проекти кои ке се имплементираат и ќе бидат финансирани од Интеграција на Ромите 2020 – подготовка на нова Стратегија за Ромите 2021-2030 и трансформација на сивата економија во која се вклучени Ромите во регуларна пазарна економија. Заклучоците од средбата се дека соработката продолжува и во наредниот период со цел поголема интеграција на Ромите во развојните тековни политики на Владата, соопшти Министерство за труд и социјална политика.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ