Утрински Весник
Спорт

Сребрен медал за Столе Смилковски на третиот ден од ЕП во Тампере, Финска

Сребрен медал за Столе Смилковски на третиот ден од ЕП во Тампере, Финска

Столе Смилковски освои сребрен медал во категоријата -67 килограми за помлади сениори на последниот ден од Европското првенство во Тампере, Финска. Столе се закити со сребрен медал откако во финалето не успеа да го совлада Алтунер Јилмаз Екрем од Турција. Претходно во првото коло Столе го победи шпанецот Алекс Ортиз Де Зарате со 4:1, во второто коло против естониецот Макар Навитски победи со 2:0, во третото коло беше подобар и од швајцарецот Матијас Брунер со 4:2. Во четвртото коло го победи азербејџанецот Хусеин Мамадли со резултат 4:1 а во полуфиналето и русинот Егор Пулкин со 2:0.

Неколку други наши претставници имаа добри настапи, иако не стигнаа до борби за медали.

Магдалена Божиновска и Бериз Куртановиќ остварија по 2 победи и освоија седмо место во своите категории, како и машкиот ката тим во екипниот настап, додека женскиот ката тим го освои деветото место.

Со тоа успешно заврши настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и У21 на кое нашите млади спортисти освоија четири медали, од кои еден златен, два сребрени и еден бронзен медал.

> Сребрен медал за Столе Смилковски на третиот ден од ЕП во Тампере, Финска <

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари