Утрински Весник
Свет

Србија поставува метална ограда на границата со Македонија

Србија поставува метална ограда на границата со Македонија

Србија започна со поставување метална ограда на границата со Северна Македонија во близина на Прешево, јавуваат српските медиуми. Оградата треба да спречи евентуални масовни нелегални гранични премини.

Шиприм Арифи, претседател на општина Прешево на југот на Србија, на 380 километри оддалечена од Белград, за дописникот на „Радио Слободна Европа“ од Крагуевац , изјави дека изградбата на жичаната ограда е дел од договорот со Европската унија (ЕУ).

„Сметаме дека оградата е во функција на дополнително обезбедување на границите на државите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуано пак ќе почнат масовно да се движат по таканаречена балканска рута“, вели Арифи.

Србија е на таканаречената балканска рута, преку која мигрантите и бегалците се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ. Според најновите податоци, објавени од српскиот Комесаријат за бегалци на 20 јуни, има околу 4.800 лица во 18 центри за азил и прием во Србија.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ММФ одобри нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари

Носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ пристигнува на брегот на Израел

Русија објави локално примирје поради поправки во близина на нуклеарната централа Запорожје