Утрински Весник
Свет

Србија подготвена прва во Европа да ја произведува „Спутник В“

Србија подготвена прва во Европа да ја произведува „Спутник В“

Србија би можела да биде прва држава во Европа која би ја произведувала руската вакцина против Ковид-19, „Спутник В”, потврдено е по посетата на руски стручњаци. Како што пренесуваат српските медиуми, делегација руски експерти, кои стигнале утрово во Србија, процениле дека за првата фаза од производството на вакцината во Србија постојат технолошки услови.

Министерот без ресор Ненад Поповиќ по состанокот со претставниците од Русија изјави дека во петок во Институтот „Торлак“ ќе се разговара на ниво на експерти. Според него, за таа прва фаза постојат услови, односно за транспорт на супстанциите, полнењето, пакувањето и дистрибуцијата во Србија, потребни се два до три месеци.

„ Србија, на тој начин, би била прва земја во Европа која би ја произведувала вакцината“, рече Поповиќ, а веќе седум други земји како Германија, Австрија, Унгарија и други изразиле желба итно да почнат со производство на „Спутник В“.

За епидемиологот д-р Бранислав Тиодоровиќ тоа би било феноменално и голем чекор од повеќе причини.

Според него Институтот „Торлак“ поминал низ тежок период, а со производство на вакцината би се вратила дел од некогашната слава.

„ Институтот „Торлак“ беше една силна фирма, меѓу четирите најголеми производители на детски вакцини. Може да имате зграда, тоа не е проблем, опрема, машини, но најважен фактор се луѓето. Сепак, „Торлак“, како и целата земја помина низ тежок период. Сега, колку луѓето се стручни, колку научници има, дали ќе викнеме некого од странство…-, размислува Тиодоровиќ.

Според него има повеќе фактори зошто производството на вакцината во Србија е добро, но издвојува три.

Прво, вели тој, луѓето имаат доверба во домашните вакцини. Скеогаш кога ќе ги вакциниравме прашуваа зошто не е на Торлак.

Втор важен фактор е што ќе се сочува и економијата. Секако, домашното производство би ја забрзало и вакцинацијата.

Досега во Србија вакцинирани се близу 550.000 луѓе, а во тек е масовна ревакцинација на населението. Србија е апсолутен лидер по вакцинација против Ковид-19 во регионот и втора во Европа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков