Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Србија не ја коментира жалбата на Косово за „шовинистичките“ маички и песни

Србија не ја коментира жалбата на Косово за „шовинистичките“ маички и песни
Img 7972

Српскиот фудбалски сојуз (ФСС) нема да реагира на најавите од Косовскиот фудбалски сојуз (ФФК) дека ќе се жалат до УЕФА за прославата на српските фудбалери по пласманот на Светското првенство во 2022, велејќи дека се работи за „демагошка приказна за локална употреба“.

Косовците ќе се жалат на Србите поради истакнување на националистички симболи преку нивнтие маици, отпеаните песни и покажувањето на три прста. Според нив, во песната „Весели се српски роде“, која ја пееја фудбалерите се споменуваат градови во две соседни држави – Призрен на Косово и Румија во Црна Гора, што ја докажува „српската шовинистичка“ политика.

Покрај тоа, спорни се и маичките кои ги носеа српските фудбалери по победата во Лисабон, каде што се гледа мапа на Србија во која е вклучено и Косово.

Во Србија сметаат дека Косовците немаат причина за овој потег, бидејќи ниту една од забелешките не била внесена во извештајот на делегатот на натпреварот.

> Србија не ја коментира жалбата на Косово за „шовинистичките“ маички и песни <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН