Утрински Весник
Спорт

Србија непоразена од Франција и во Кретеј, херојот е Цупара

Србија непоразена од Франција и во Кретеј, херојот е Цупара

Ракометните репрезентативци на Србија по триумфот над Франција во Зрењанин(27-24), денеска ремизираа со истиот противник во Кретеј, 26-26 во меч од 2. коло во Групата 1 од квалификациите за ЕП наредната година во Словачка и Унгарија.

Избраниците на Тони Џерона против големиот фаворит освоија 3 од можните 4 бода, со пожртвувана игра, а предничеше голманот на Веспрем, Цупара со 14 интервенции, од кои последната на неколку секунди пред последниот судиски свиреж.

Одлична партија кај Србија имаше и поранешниот пивотмен на Вардар, Мијајло Марсениќ со 8 гола, следен од Ѓорѓиќ со 6 и Радивоевиќ со 4.

Кај Франција најпрецизен беше Фабрегас со 5 гола.

> Србија непоразена од Франција и во Кретеј, херојот е Цупара <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко