Утрински Весник
Свет

Србија купи кинески ракети

Србија купи кинески ракети

Србија ќе го добие најголемото засилување за вооружените сили. Првата батерија на кинескиот ракетен систем со среден дострел ФК-3, конструиран според моделот на рускиот С-300, треба да биде доставен до српската армија до крајот на годината, објави „Новости“.

Оваа набавка ќе биде најголемото засилување за српските вооружени сили од ерата на модернизацијата на ЈНА, и Србија ќе стане првиот странски корисник на овие оружја.

Кинеските ракети за одбрана од воздушни напади се најважната воена опрема што се очекува во единиците на воздухопловните сили на Србија. Системот ФК-3, сепак, е најважната, но не и единствената ставка на списокот на купена воена опрема чија испорака се очекува во следните шест месеци.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна објави дека претстои реализација на големи воено-технички договори.

„Многу нови оружја ќе пристигнат во следните шест месеци. Се набавуваат многу работи, а многу се веќе платени“, рече Вучиќ, не наведувајќи за какви видови оружје станува збор.

Можете да прочитате

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција