Утрински Весник
Свет

Србија донесе нови мерки во борбата против коронавирусот

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кризниот штаб на Србија донесе одлука да не се воведува карантин, а исто така нема да биде потребен негативен ПЦР-тест за српските државјани кои се враќаат од одмор од Хрватска и од Црна Гора.

Како што пренесуваат српските медиуми, донесена е и одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до еден часот по полноќ, а на трговските објекти до 23 часот.

Заменик директорката на Институтот за јавно здравје, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, за агенцијата „Танјуг“ рекла дека ќе биде дадена препорака до родителите чии деца патувале, 10 дена да поминат во самоизолација, односно да не одат на училиште кога ќе почне учебната година, туку наставата да ја следат онлајн.

Донесена е и измена кога станува збор за максимално дозволениот број на лица на јавни собири на отворено и во затворен простор, односно дека тој број од 10 се зголемува на 30.

„Србија е во рангот на земји со поволна епидемиолошка ситуација во однос на земјите од опкружувањето и воведувањето на задолжителен ПЦР-тест се покажа како добра мерка“, изјави Кисиќ Тепавчевиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин