Утрински Весник
Свет

Србите за корона вирусот најмногу им веруваат на лекарите

ДИК не треба да ги одредува цените, но ни државата да ги плаќа партиските реклами

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Според нова анкета, граѓаните на Србија најмногу им веруваат на експертите. Дури 70 отсто од испитаниците во новата анкета на ИПСОС, рекле дека најмногу доверба имаат во стручњаците. Во поглед на довербата кон медиумите, пак, граѓаните на Србија најмногу се ориентирани кон телевизиите, пренесува istinomer.rs, српскиот портал за проверка на фактите и изјавите, како и за борба против дезинформациите.

Според ИПСОС, од почетокот на пандемијата на новиот корона вирус, почесто прават анкети во Србија, од кои првото било пред прогласување на вонредна состојба во земјата, кога граѓаните не биле премногу загрижени за состојбата со вирусот, но 10 дена подоцна имало огромни „скокови“.

Според новата анкета, околу 80 отсто од луѓето се загрижени за своето и здравјето на блиските, а околу 25 отсто веруваат дека вирусот многу ги загрозува нив и нивното семејство.

Кога станува збор за довербата, граѓаните со над 70 отсто велат дека најмногу им веруваат на лекарите, а потоа следуваат Министерството за здравство, Владата и претседателот на Србија.

Очекувано, поради блокадата, пораснал бројот на луѓето што гледаат телевизија, а пораснала и бројката на часови во денот што се посветува на овој медуми. Расте и користењето на интернет, но секако довербата во веродостојноста на вестите е најголема кога станува збор за телевизиите, односно над 50 проценти од испитаниците рекле дека најмногу веруваат на информациите што ги добиваат на телевизија.

На второ место е радиото, односно каналите на јавниот радиодифузер РТС.

Во поглед на времето посветено на медиумите, сега за два часа повеќе од претходно Србите се предаваат на телевизијата, а користењето на интернет пораснало за 30 отсто само во март.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење