Утрински Весник
Свет

Спречен обид за атентат врз премиерот на Ерменија

Спречен обид за атентат врз премиерот на Ерменија

Ерменските власти спречиле група поранешни функционери на таа држава да го убијат премиерот Никола Пашинјан, во обид да ја преземат власта со државен удар.

Ерменската Служба за национална безбедност (НС) објави дека нејзиниот поранешен шеф Артур Ванецјан, поранешен лидер на републиканскиот парламентарен клуб во парламентот Вахрам Багдасарјан и воениот волонтер Ашот Минасијан се уапсени за планирање на атентат врз Пашинјан и државен удар, пренесе Ројтерс.

Лусине Сахакијан, адвокат на поранешниот шеф на Службата за национална безбедност Ванецјан, објави денеска на Фејсбук дека ерменската државна служба за безбедност го уапсила нејзиниот клиент под сомнение дека тој ја узурпирал моќта и се подготвувал да го убие Пашинјан.

Ројтерс потсетува дека Пашинијан е под голем притисок и дека илјадници луѓе протестираат секој ден во Ереван, барајќи негова оставка откако минатата недела потпиша декларација со Азербејџан за ставање крај на војната во Нагорно Карабах.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ги продолжува санкциите кон Русија поради војната во Украина

Снежно невреме во Австрија: Аеродромот во Виена затворен, автобус затрупан од лавина

Почина актерот Ерик Дејн, ѕвездата од „Вовед во анатомија“