Утрински Весник
Свет

Спречен атентат врз Зеленски, Чеченцитe онеспособени

Спречен атентат врз Зеленски,  Чеченцитe онеспособени

Ако украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе на првиот ден од рускиот напад на Украина навести дека има индиции дека е означен како цел на атентатот, сега оваа приказна е официјално потврдена.

Според странските медиуми, елитните единици на чеченската паравојска се обиделе да го убијат Зеленски, а нивниот обид бил спречен.

„Обидот за атентат е спречен“, изјави Алексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана.

Елитна група Чеченци пристигнала во Киев за да го убијат украинскиот претседател, а не се познати деталите од настанот, ниту колку блиску успеале да дојдат до Зеленски.

Чеченија некогаш војуваше со Москва, но сега е под контрола на режимот на Путин.

Можете да прочитате

Почина поранешниот француски премиер Лионел Жоспен

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив