Утрински Весник
Македонија

Спречена тешка кражба од возила во Скопје, приведен крадецот

Нападнати лица кои делеле пропаганден материјал во Дебреше
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата приведе 41-годишен жител на скопско Бардовци, кој бил затекнат додека вршел кражба во автомобил.

Утринава во 04.30 часот во кругот на Педагошки факултет Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го привеле A.Б.(41) од с.Бардовци, скопско, поради сомнение за кривично дело „тешка кражба“.

Според информациите на МВР, околу 03.45 часот на ул.„Дрезденска“, полициски службеници го забележале при извршување тешки кражби од патнички возила. Тој бил приведен во полициска станица и му биле одземени украдените предмети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Паркингот како огледало на системот: Хроничен хаос во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун