Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Спојувањето на „Сони“ и „Зи“ ќе создаде индиски гигант за забава

Спојувањето на „Сони“ и „Зи“ ќе создаде индиски гигант за забава
300x250 opst2

Индискиот разгранок на јапонскиот конгломерат „Сони“ го финализира договорот со локалниот ривал „Зи“ за формирање на втората по големина мрежа за забава во земјата.

Sony Pictures Network India (SPNI) и Zee Entertainment Enterprises (ZEE) го завршија своето спојување и се на пат да станат втора најголема забавна мрежа во Индија според приходите – регионален гигант за содржини што вклучуваат филмови, ТВ и стриминг.

Новоспоената компанија ќе биде дом на 75 телевизиски канали, две стриминг-платформи, две филмски студија, студио за дигитална содржина и проширена библиотека.

Здржениот ентитет е подготвен да стане главен играч во брзорастечката забавна индустрија во земјата предизвикувајќи ги ривалите, како што е „Хотстар“ на „Волт Дизни“.

Индија има над 900 милиони ТВ-гледачи и над 800 канали.

Овие канали нудат разни емисии – од спорт, мелодрами до реална телевизија.

Според спојувањето, што беше објавено во вторникот, комбинираниот ентитет ќе биде речиси 51 % во сопственост на Sony Pictures Networks India (SPNI).

Главниот извршен директор на „Зи“, Пунит Гоенка, ќе застане на чело на „Зи-Сони“ по 90-дневен период на длабинска анализа.

Можете да прочитате

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“