Утрински Весник
Спорт

Спорт 1: Шпанците нема да излезат на теренот против Косово?

Спорт 1: Шпанците нема да излезат на теренот против Косово?

Шпанија, една од најсилните репрезентации во светот, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, ќе игра во Б-групата, против Шведска, Грција, Грузија и Косово.

Шпанците се апсолутни фаворити во оваа група, но она што е интересно е што три држави во групата (Шпанија, Грција, Грузија) не го признаваат Косово како држава.

Можно е да има проблеми со одигрувањето на натпреварите. Германскиот „Спорт 1“, пишува дека Шпанците нема да сакаат да излезат на теренот задно со фудбалерите од Косово.

„За разлика од властите во Грција и Грузија, шпанската влада на своите репрезентации не им дозволува да се натпреваруваат против Косово. Забраната е воведена бидејќи станува збор за слична ситуација во која се наоѓа Шпанија со барањата за независност на Каталонија. Шпанија од почетокот е на страна на Србија“, пишува „Спорт 1“.

Квалификациите за пласман на СП во Катар ќе започнат во март, останува да се види како УЕФА ќе го реши овој проблем.

> Спорт 1: Шпанците нема да излезат на теренот против Косово? <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина