Утрински Весник
Македонија

Спортските обложувалници ќе работат со скратено работно време

Спортските обложувалници ќе работат со скратено работно време

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Спортските обложувалници, согласно одлуката на Владата во врска со мерките за справување со состојбата со коронавирусот, ќе работат со скратено работно време од 7 до 18 часот, со преполовен капацитет за гости, односно да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри меѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти.

Одлуката, како што соопшти Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) важи до 24 март.

– Асоцијацијата ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува препораките и мерките на Владата. Дополнително информираме дека ги преземаме сите мерки за заштита на нашите вработени и играчите во обложувалниците – членки на АСОМ. Во контекст на ова набавени се дезинфекциони средства за секоја обложувалница, заштитни ракавици за сите вработени, а објектите редовно и темелно се чистат, информираат од Асоцијацијата.

Тие апелираат до играчите, во целост да се придржуваат до мерките. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Само вчера регистрирани два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Владата одвои 60 милиони денари за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

МНР: 632 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот Исток