Утрински Весник
Македонија

Спортскиот аеродром Стенковец затворен за јавност

Спортскиот аеродром Стенковец затворен за јавност

Скопје, 16 март 2020 (МИА)Аероклубот Скопје го затвора Спортскиот аеродром Стенковец за јавност и ги намалува сите други активности согласно препораките за заштита од Ковид-19.

Исклучок се активностите кои се во интерес на јавното здравје, соопштија од Аероклубот.

Клубот информира дека се одложува и одржувањето на обуките за кое дополнително ќе соопштат кога ќе се продолжи со истите. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реката Вардар во Гостивар во загрижувачка состојба

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати

Наунова со ултиматум: Ако за три дена нема токсиколошки наоди, ќе протестираме пред Судска медицина