Утрински Весник
Македонија

Според Филипче нема потреба од руската вакцина оти ќе набавиме доволно количини од другите

Според Филипче нема потреба од руската вакцина оти ќе набавиме доволно количини од другите

Во овој момент нема да правиме ништо конкретно кон ниту еден друг извор на вакцини, рече министерот за здравство, Венко Филипче прашан за евентуална нарачка на руската вакцина.

Тој образложи дека прво треба да се види како ќе тече процесот на вакцинацијата, и дозите кои ќе бидат определени според ковакс механизмот.

„Отворени сме и за таа опција. Нема сомнеж кон ниту една вакцина, вклучувајќи ја и руската. Буквално сите се добри и безбедни ги поминале своите контролни механизми. Со оглед на динамиката односно количината која ќе доаѓа во следните месеци ќе има се повеќе, па сметам дека нема да има потреба“, рече Филипче одговарајќи зошто не ја прифаќаме употребата на руската вакцина, во услови кога држави од ЕУ ја нарачуваат.

Министерот повторно најави дека наскоро доаѓаат кинеските вакцини, но не даде конкретен датум за испораката. На прашањето дали заради тоа што граѓаните ги остави без заштита, а имал можност да набави одредени вакцини ќе понесе одгвоорност, тој го избегна одговорот. Негираше дека сме биле меѓу првите земји по смртност од Ковид 19.

Филипче нема информација дали ќе се набават нови количества на кинеската вакцина со оглед дека првата која уште не е стигната е доволна само за 100.000 граѓани.

„Отворени сме за сите опции за целта, процесот да не запре, ова е доволна количина за 4 до 6 недели вакцинација, ги очекуваме во следните месеци да се зголемува“, рече министерот.

Тој кажа дека ќе се вакцинира со таа вакцина која прва ќе стигне, односно според најавите со кинеската вакцина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?