Утрински Весник
Свет

Според српските медиуми: Чедомир Јовановиќ со рекет претепал сопственик на клиника

Според српските медиуми: Чедомир Јовановиќ со рекет претепал сопственик на клиника

Во српските медиуми се појави информација дека лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, го претепал сопственикот на Клиниката за физикална терапија „Физио центар“ во Нов Белград. Според „Блиц“, инцидентот се случил околу 17 часот на ул. „Милутин Миланковиќ“ бр.1.

Како што се наведува, Јовановиќ на сопственикот на клиниката Д.И. (41) со тениски рекет му задал неколку удари во пределот на главата и телото. Тој, наводно, излегол од црн џип и го нападнал сопственикот на клиниката.

Порталот Б92.net наведува дека се обидел да контактира со Јовановиќ за да ги провери тврдењата на медиумите, но неговиот телефон бил исклучен.

Јовановиќ деновиве излезе од болница каде беше хоспитализиран поради зараза со коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Добитник освоил џекпот од 112 милиони долари на лотарија во САД

Афера го тресе Пентагон, клучен советник буквално истеран од зградата

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони