Утрински Весник
Свет

Според германскиот вицеканцелар Фон дер Лајен направила свинштина со набавката на вакцини

Според германскиот вицеканцелар Фон дер Лајен направила свинштина со набавката на вакцини

Германскиот вицеканцелар Олаф Шолц, употребувајќи пцовки, ја критикувал претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за набавката на вакцини против коронавирусот.

Според „Билд“, на владината седница Шолц оценил дека „набавката на вакцини е гом…ски спроведена“.

Рекол дека и тој лично нема желба „таквите гом…“ да се повторат во процесот на вакцинација во Германија.

Во врска со ова, Шолц јасно ја споменал Фон дер Лајен и ја обвинил за неуспехот да се набават вакцини.

„Она што се случува во Брисел, она што го направија Европската комисија и Фон дер Лајен е вистинска свинштина“, налутено рекол германскиот вицеканцелар.

Според „Билд“, канцеларката Ангела Меркел му дозволила на Шолц да употребува вулгарни зборови, но кога се споменало името на Фон дер Лајен, таа го запрела гневното говорење на вицеканцеларот.

Како што пишува весникот, од круговите на владејачката ЦДУ, Меркел е единствената политичарка која сè уште ја брани Фон дер Лајен.

Весникот наведува и дека Фон дер Лајен веќе неколку дена барала партиски колеги во Брисел и Берлин, кои ќе застанат покрај неа по неуспешниот процес за набавка на вакцини со цел да и изразат јавна поддршка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење