Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Специјално возило од „Дрекслмајер“ за Здружението „Надеж“ од Општина Градско

Специјално возило од „Дрекслмајер“ за Здружението „Надеж“ од Општина Градско
300x250 opst2

Велес,12 мај 2020 (МИА) – Компанијата „Дрекслмајер“ на Здружението „Надеж за лица со посебни потреби од Општина Градско им донира специјално возило. Градоначалникот на Градско, Роберт Бешовски од свое и името на Советот и сите жители на Градско, им искажа голема благодарност на сите од компанијата „Дрекслмајер“, а со која донација ќе се овозможи поголема мобилност на членовите на здружението, кои до сега не беа во можност да ги реализираат своите потреби.

– Сега ќе можат да излезат од своите домови и со прикладни екскурзии да го збогатат социјалниот и општествениот живот, потенцира Бешовски.

Тој информира дека Општина Градско со посебен договор ќе се обврзе да се грижи за континуирана техничка исправност на возилото, за негова годишна регистрација и одржување, со што ќе помогне здружението непречено да ги обавува своите активности.

– Оваа соработка со „Дрекслмајер“ не е прва и убеден сум дека и понатаму ќе продолжи, затоа што станува збор за општествено одговорна фирма, потенцира Бешовски.ад/оџ/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дрска кражба на мобилен телефон, Обвинителството откри детали

Фамилијарни листи за советници на ЗНАМ: На листата во Струга цели фамилии со се братучеди и баџанаци 

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори