Утрински Весник
Магазин

„Спенсер“, филмот за принцезата Дијана, пристига во ноември

„Спенсер“, филмот за принцезата Дијана, пристига во ноември

2022 година ќе одбележи 25 години од трагичната и прерана смрт на Дијана, принцезата од Велс. По повод оваа тажна годишница, соодветен е тајмингот за нов поглед на нејзината животна приказна, а тоа ќе ни го овозможи претстојниот филм „Спенсер“, чија премиера е закажана за ноември.

Првично планиран за објавување во 2022 година, сега е поместен напред како кандидат за сезоната на награди.

Филмот го напиша Стивен Најт, а го режира Пабло Ларејн.

Филмот, меѓу другото, ќе прикаже како се чувствувала принцезата Дијана за време на божиќните празници во Сандрингем во 1991 година. Според режисерот на филмот, Пабло Лорен, Дијана за време на оваа посета на кралската резиденција во Норфолк одлучува да го напушти Чарлс, кој го глуми Џек Фартинг.

Кристен Стјуарт ја портетира принцезата Дијана во филмот.

Можете да прочитате

Љубовна идила за еден знак денес: Дневен хороскоп (06.12.2025)

Јадете јајца за појадок секое утро? Еве што мислат нутриционистите за тоа

Денес се празнува Свети Амфилохиј Икониски